wordpress counter

Discovery Science ги открива најефектните афродизијаци (2 дел)

Првиот дел ни откри 3 од најефектните афродизијаци според овој научен канал. Тоа се тиквата, зачините и лутите пиперчиња и женшенот. Денес ќе го претставиме делувањето на уште неколку продукти.

Храна во форма на фалус
Дека храната или продуктите кои имаат форма на машки полов орган имаат афродизијачко дејство е теорија стара неколку векови. Се верува дека ако определен продукт има таква форма, тоа не е случајно. Некои култури одат и еден чекор понапред и предлагаат консумирање на тестиси од одредени животни како тигар или бик. Објаснувањето е дека на тој начин се пренесува дел од животинската сила во организмот на човекот.

Моркови
Морковот, како и неколку други зеленчуци, имаат одлично делување врз нашето здравје и тело. Фактот што, наместо да се чувствуваме прејадени и да немаме сила, со морковот и зеленчуците се чувствуваме силно и енергично, е доволно да се стави на овој список. А, сите знаеме екстра енергијата кон што води.

Чоколадо
Чоколадото има силен ефект на нашиот мозок и поради тоа се смета за мошне јак афродизијак. Овој продукт содржи серотонин, кој создава добро расположение и секако повеќе енергија за љубовна игра. Но, уште поважно е делувањето на фенилетиламинот, кој е природен трансмитер и кој се поврзува со љубовта.

Остриги
Остригите содржат голема количина на цинк, а без цинк машката плодност се доведува во прашање. Освен тоа, содржат и железо кое ни дава сила против уморот, кој е најголем проблем при водењето љубов.

Related Posts with Thumbnails