wordpress counter

Дневникот за јадење на Бред Пит

Сите обожаватели на актерот Бред Пит сигурно забележале една заедничка работа во сите негови филмови. Имено, без оглед на жанрот на филмот, актерот во секоја своја улога буквално ужива во храната.

Од првите филмски појавувања, па сѐ до денес, овој врвен актер може постојано да се види како јаде најразлична храна или пие пијалаци. Веројатно ќе остане засекогаш запаметена сцената во која тој ужива во путерот од кикиритки во филмот „Запознај го Џо Блек“.

Затоа, авторите на блогот „Vulture“ направиле список на сите сцени во кои Бред Пит јаде, а на кои може да се видат преку 50 различни јадења. Интересно е дека тимот на Movieclips.com, пак, направил видео клип во кој се ставени сцени од повеќе филмови (кои веруваме бргу ќе ги препознаете) во кои Бред Пит ужива во храната и пијалаците.

Погледнете го видеото:

Related Posts with Thumbnails