wordpress counter

Друштвен „Пепси“ продажен апарат

Американската компанија „Пепси“ претстави таканаречен продажен апарат преку кој освен што можете да си купите пијалак за себе, има опција и да му подарите пијалак на некој ваш пријател или познаник. Инаку, машината е позната како „PepsiCo’s Social Vending Machine“.

Оваа машина поставува нови граници за потрошувачите и социјалните мрежи на кои се поврзани. Преку неа, некогашното статичко и неинтересно купување, се трансформира во посебно, забавно и интерактивно искуство.

Апаратот работи на екран на допир и преку него, освен што можете да си го купите вашиот омилен пијалак, можете да испратите пијалак и на некој ваш пријател. Имено, избирате пијалак, го внесувате името на лицето, бројот на неговиот мобилен телефон и внесувате лична порака или видео. Тој ќе го добие кодот и може да си го земе пијалакот од некоја од машините. Секако, може да испратите и пијалак подарок на некој непознат.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=wJaEVEoEETA[/youtube]

Од „Пепси“ најавија дека во втората фаза ќе биде направена и медиа интеграција со Фејсбук и другите социјални мрежи.

Related Posts with Thumbnails