wordpress counter

Џорџ Клуни платил вечера на непознато лице

Во еден германски ресторан се случил несекојдневен настан. Имено, по вечерата, еден од гостите на ресторанот каде што бил и Клуни, побарал да си ја плати сметката. Но, келнерот го информирал дека сметката е веќе платена од страна на славниот актер.

Клуни, кој вечерал на соседната маса, сметал дека тој и неговото друштво биле прегласни за време на оброкот и поради тоа го вознемириле гостинот. Сепак, овој гостин подоцна во изјавата за „Билд“ рекол дека Клуни и друштвото воопшто не биле гласни и дека дури и не забележал дека на соседната маса седи таква ѕвезда.

Инаку Клуни бил во Германија поради снимањето на новиот филм „The Monuments Men“ кој зборува за група историчари на уметноста и кустоси кои се обидуваат да спасат реномирани уметнички дела од уништување од страна на нацистите.

Related Posts with Thumbnails