wordpress counter

Ени Либовиц и нејзините фантастични фотографии

Од една страна ја имаме Ени Либовиц која е американска фотографка со светска слава. Од друга страна го имаме славниот шкотски производител на виски „The Macallan“. Соработката помеѓу нив трае веќе со години. И од таа соработка секогаш сме почестени со фантастични фотографии.

Серијата од фотографии кои можете да ги погледнете подолу се направени на локации во Њујорк, а на нив се наоѓа актерот Кевин Мекид (познат по настапите во „Trainspotting“ и „Вовед во анатомија“). На првата ужива со чаша виски (може и шише) во бар со пријатели, на втората во библиотека, на третата флертува со секси девојка, додека на четвртата е гордо издигнат над Менхетен.

Овие принтови ги има само во ограничена едиција од 1.000 парчиња. Една фотографија чини 2.750 долари. Ако сте заинтересирани, постои список на чекање на кој мора да се пријавите.

 

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Алкохол, енергетски пијалаци и секс

Едно ново истражување на научниците на Универзитетот во Бафало открива една необична поврзаност. Станува збор за комбинацијата од консумирање на...

Close