wordpress counter

Ентони Бурден подготвува гастро стрип

Еден од најпознатите гастро патописци, Ентони Бурден е прилично зафатен во последново време. Првин, ја најави својата нова емисија на „CNN“, во која ќе посетува најзафрлените делови од нашата планета и ќе ни ја открива нивната кулинарска традиција.

Дополнително, тој се пофали дека работи на гастро стрип со наслов „Get Jiro“. Дејствието е сместено во иднина, во Лос Анџелес, каде готвачите имаат значајна моќ, слично како мафијашките шефови. Главниот лик е младиот и талентиран „Jiro“, јапонски суши мајстор, кој се наоѓа во средина на борбата за превласт меѓу двајца готвачи.

Целата приказна ја напишал Бурден, но сепак цртањето им го оставил на стрип мајсторите. Како инспирација му послужиле класичните филмови за самураи, филмовите на Акирa Куросава, шпагети вестерн филмовите и секако јапонските манга стрипови.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како хранливото да се претвори во вкусно?

Да се јаде здраво не значи дека мора да се јаде невкусно. Готвачот Роберт Ирвајн ни дава неколку насоки кои...

Close