wordpress counter

Филм: „Big Night“ (1996)

Big Night (1996)Стенли Тучи, Тони Шалхауб, Лив Шрајбер, Марк Ентони, Изабела Роселини

Еден од најдобрите филмови посветени на нашата заедничка љубов-храната. Веројатно ниту еден друг филм не бил инспирација за менијата во рестораните низ светот. Двајца браќа кои постојано се караат (Стенли Тучи и Тони Шалхауб) поседуваат италијански ресторан.

Едниот од браќата е врвен и талентиран готвач со неограничена креативност, додека другиот се обидува финансиски да го одржи ресторанот во живот.

Но, тие не можат да разберат како медиокритетскиот ресторанот кој работи од спротива е многу поуспешен од нив, иако тие имаат спектакуларна кујна и специјалитети кои им ги нудат на гостите.

 

Решението доаѓа од таму каде што најмалку очекуваат. Започнуваат да се подготвуваат за вечерата на нивниот живот, која ќе промени многу работи…

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=6Y245eeWNRI[/youtube]

 

Related Posts with Thumbnails