wordpress counter

FoodBusters: 7 банани

Од денес започнуваме една нова категорија, која ја нарековме „FoodBusters“. Во оваа категорија ќе обработуваме митови за храната и ќе се обидуваме да ги докажаме или да покажеме дека станува збор за мит кој нема никаква врска со реалноста.

За почеток, се одлучивме за еден навистина интересен мит, кој датира одамна. Имено, според тој мит, ако изедеме 7 банани, ќе умреме поради труење со калиум!

Ајде да го разгледаме митот математички.

Според нутриционистичките податоци, дневната препорачана количина на внес на калиум изнесува околу 4.000 мг. Една банана содржи 400 мг калиум. Значи уште во самиот почеток, митот е погрешен. Потребно е да изедеме 10 банани за да ја внесеме препорачаната дневна количина. Значи, за да доживееме труење со калиум, потребно е многу повеќе од 10 банани. Колку?

Според податоците од „Википедија“, смртоносната доза е 2.600 мг калиум по килограм тежина. Значи, ако имате 60 килограми, тогаш ќе треба да внесете 156.000 мг калиум за дозата да биде смртоносна. Ако една банана има 400 мг калиум, за да биде дозата смртоносна, потребно е да се изедат 390 банани.

Од друга страна, бананите содржат калиум хлорид, кој има само 50% калиум во себе, што значи бројката треба да биде и поголема.

Како и да е, навистина е тешко да замислите човек да изеде 390 банани за еден ден, нели? Иако, сѐ е можно.

Related Posts with Thumbnails