wordpress counter

„Фрулингсфест“ во Минхен

„Фрулингсфест“ е пролетен фестивал на пивото во Минхен и е попознат како мал „Октоберфест“. Се одржува секоја година, во чест на заминување на зимата. Фестивалот оваа година се одржа од 20-ти април до 6-ти мај.

Интересно е дека покрај пивото, скарата, шаторите и огнометот, на овој фестивал младите што немаат партнер може да се запознаат и да флертуваат меѓу себе. Шаторот „Хиподром“ е најпознато место за вакви средби. Дали таму има само коњи или се наоѓа и некој принц, оставаме самите да проверите.

На видеото подолу можете да ја погледнете атмосферата од овој фестивал:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=yPzvflXqQD4&feature=related[/youtube]

Related Posts with Thumbnails