wordpress counter

Ѓавол во кујната

ЃАВОЛОТ ВО КУЈНАТА

ЃАВОЛОТ ВО КУЈНАТА
Автор: Марко Пиер Вајт
Издавач: ORION PAPERBACKS

Марко Пиер Вајт е роден 1961 година и еден од најпознатите англиски готвачи и ресторанџии. А, „Ѓаволот во кујната” е долгочекуваната автобиографија на типичниот bad-boy од кујната. Очигледно е дека човекот има талент, гламур, екстравагантност и е одличен готвач. Има доза на театралност во неговото однесување и талент за глума. Сето тоа успева да го измеша и поврзе во една слика за неговиот живот.

Станува збор за приказна која ги обелоденува тајните на сите со кои авторот работел, меѓу кои и Гордон Ремзи и Хестон Блументал. Го следи успехот на неговите претходно објавени книги, вклучувајќи ги и „Тајната кујна” и „Бела страст”.

Со една реченица – ова е книга за насилството, генијалноста и сексот помеѓу тавите и тепсиите.

Related Posts with Thumbnails