wordpress counter

Големите тајни на келнерите и готвачите (1 дел)

Веројатно секој од нас барем еднаш во животот сакал да ѕирне и да види што се случува во кујните на рестораните и сендвичарите. Во неколку продолженија ќе ви наведеме некои од тие тајни на готвачите и келнерите, кои тие беа волни да ги споделат и да ги кажат на гостите.

ПРОИЗВОДИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА ДЕЦА СЕ ПОЛНИ СО ШЕЌЕР
За да ги сакаат децата, сите производи за нив имаат многу повеќе шеќер отколку оние наменети за возрасни. Дури и во тестото за пица за деца има повеќе шеќер отколку обичното тесто.

ЗА ШТО ЧЕСТО ЛАЖЕМЕ?
Ако сте вегетаријанец и прашате дали ги чувате залихите на посебно место, ние велиме да. Иако не е точно.

ЈАДЕЊЕ НА ДЕНОТ
Во многу ресторани, специјалитетот на денот е нешто што мора да се продаде пред да се расипе. Особено внимавајте на супата на денот. Најчесто содржи состојки од кои ресторанот сака брзо да се ослободи.

НАМЕРНА ГРЕШКА СО КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ
Ако не сте му се допаднале на келнерот или премногу сте го малтретирале, тогаш бидете сигурни дека ќе ви врати мило за драго на крајот на оброкот. Иако не е вистина, кога ќе му ја дадете картичката, ќе ја искористи можноста да ве посрамоти пред другите гости и ваши познаници со зборовите: „Дали имате друга картичка? Оваа не поминува.“

Related Posts with Thumbnails