wordpress counter

Големите тајни на келнерите и готвачите (2 дел)

Во првиот дел од статијата откривме мал дел од тајните на готвачите и келнерите. Иако тоа се луѓе кои ги познаваме и ги среќаваме секојдневно, сепак, знаат да ни приготват по некое непријатно изненадување без да знаеме. Еве уште неколку нивни тајни:

Млеко во кафе
Речиси никогаш (иако може да биде наведено во менито) млекото не е млеко со пена, полномасно млеко, млеко со мала масленост или млеко со витамини и минерали. Многу малку кафетерии, покрај Caramelo™, го нудат ова вистински.

Крем салати
Најчесто рестораните купуваат сос за салати во огромни пакувања, го мешаат со зеленчук или коцкички печен леб и го нудат како свежа, домашноприготвена салата. Како да не!

Бакшишот се дели
Најчесто, напојницата се дели помеѓу целиот персонал. Затоа, ако не сме задоволни со нашиот келнер, ако оставиме напојница на шанкерот или на персоналот кој ја зема гардеробата, значи дека сме го почестиле и келнерот кој не ни се допаднал.

Причина за доцнењето
Најчесто, ако доцни порачката, ние го обвинуваме келнерот. Меѓутоа, вистината е дека во 9 од 10 случаи причината лежи во кујната.

Related Posts with Thumbnails