wordpress counter

Големите тајни на келнерите и готвачите (3 дел)

Со овој текст го завршуваме серијалот за малите тајни на готвачите и келнерите. Со оглед дека претходните два дела предизвикаа внимание, ќе се обидеме и во иднина да ви пласираме текстови на оваа тема. А сега, уште неколку мали тајни кои сакаме да ги споделиме со вас.

Што сака персоналот да знаеме?
Ако сте излезени во придружба на маж или жена кои не се ваши брачни или љубовни партнери, би требало да бидете внимателни во односот со персоналот. Келнерот со искуство речиси секогаш ќе препознае дека тоа не е нашиот сопруг или сопруга.

Како најлесно да ве препознава персоналот?
Најдобро е местото да го посетувате во понеделник, вторник или среда. Тогаш нема многу гости и персоналот лесно ќе започне да ве препознава. А тогаш ќе започнат да се случуваат убави работи. Да речеме тура пиење која ја нема на сметката или послужување на вино за дегустација за кое не мора да платите.

Кои гости најмногу ги сакаат?
Оние од средна класа и оние кои се на прв состанок. Знаете зошто? Затоа што оставаат најголем бакшиш. Кај првите, тоа е дел од сфаќањето на животот, вторите (особено мажите на првиот состанок) сакаат да се покажат.

Избегнувајте празници
Избегнувајте посети на рестораните за време на големи празници (како новогодишните или велигденските). Нема да бидете услужени како што треба, храната ќе ја чекате бесконечно, а ќе платите и повеќе отколку што треба.

Related Posts with Thumbnails