wordpress counter

Готвач „Вистинска крв“

„True Blood: Eats, Drinks, and Bites from Bon Temps“
Автор:
Џана Собол, Алан Бол
Издавач: „Chronicle Books“, САД

Фановите на ултра популарната серија на „HBO“, „Вистинска крв“, добија вистинско изненадување. Станува збор за книга готвач полна со „вампирски рецепти“. Серијата се снима во измисленото место Бон Темпс во Луизијана, а во епизодите често се споменува тамошната кујна и уживањето на вампирите во „окра гумбо“, „џамбалаја“, црвен грав и ориз.

Книгата „True Blood: Eats, Drinks, and Bites from Bon Temps“ ја состави готвачот Марсел Биенвену и излезе во продажба минатиот месец. Интересно е дека овој славен готвач претходно не ја следел серијата, но кога го прифатил предизвикот да ја напише книгата-готвач се зачудил колку многу различни јадења се споменуваат во неа. На самата серија се надоврзува и мистичноста на кујната во јужниот дел на Луизијана.

Во книгата, секој рецепт е пропратен со фотографија од серијата. На пример, рецептот за кремаст сос од јастог оди со сцената во која Суки Стекахус вози кон Шривпорт да се состане со врколак, а наместо тоа се сретнува со Деби Пелт, која претходно се обидува два пати да ја убие.

Покрај храната, во книгата има и цела дузина рецепти за пијалаци како „Tequila Moonrise“, „Lovin’ in the Coven“ и „Moonshine Rising“. Интересно е дека ова не е прв пат како „HBO“ издава книга на рецепти од некоја серија. Тоа се случи и со книгата за италијанска кујна на „Семејство Сопранови“, а за следната година се подготвува книга-готвач и за серијата „Треме“.

Related Posts with Thumbnails