wordpress counter

„Guinness“ подморница

На Балтикот, во близина на Стокхолм, се појави навистина интересна и несекојдневна подморница. Станува збор за „Guinness“ подморница, односно првиот „Guinness“ бар под вода. Малата подморница има 11 м2, а ентериерот го направи лондонското архитектонско студио „Jump Studios“.

Инаку, овој подводен пивски бар е дел од прославата на 250-годишнината од денот кога Артур Гинис ја зел под закуп славната пиварница „St. James Gate“ во Даблин.

Во подморницата има места за седење, маси и шанк. Сè е покриено со гумени дискови што личат на мали топчиња. Има „LED“ осветлување во дел од отворите на дисковите, додека другите отвори служат како држачи за лименки и чаши.

Ние би се качиле на патување во оваа подморница. А вие?

Related Posts with Thumbnails