wordpress counter

Храната и дизајнот

Dezeen е магазин кој ни претставува внимателно одбрани дела од светот на архитектурата, дизајнот и ентериерот. Во последните месеци на минатата година, тимот на ова списание, заедно со производителот на луксузни кујнски апарати Scholtès, го истражуваше трендот на поврзување на храната и дизајнот.

Ова истражување сакаше да открие како се создава љубовна афера помеѓу храната и дизајнот. Притоа, се испитуваа состојки, начинот на подготовка и сервирање, улогата на кујната во тој процес и секако просторијата во која се консумира храната.

Во текот на истражувањето, се испитуваа бројни аспекти кои влијаат на храната и секако нејзиното влијание на нашето живеење. Финалниот резултат треба да биде одговор на барањата на луѓето, готвачите, сопствениците на ресторани, супермаркетите и брендовите за храна и кујнски апарати, упатено до дизајнерите да креираат културно значење и комерцијален ефект на нивните напори, насочени да ги задоволат потребите на потрошувачот.

Ние, преку следните фотографии, ќе се обидеме да ви ја приближиме нераскинливата и вечна врска помеѓу храната и дизајнот:

Related Posts with Thumbnails