wordpress counter

Храната како афродизијак

ХРАНАТА КАКО АФРОДИЗИЈАК • ЧОКОЛАДО

Афродизијакот е природна или вештачка супстанција која го буди и го зголемува сексуалниот апетит. Името потекнува од грчката божица на љубовта, Афродита. Во текот на историјата служеле и како лек и за забава. Со тек на време и разни предмети, мириси, супстанции и направи биле предизвикувачи на сексуални желби. Но, сега ќе ја разгледаме само храната како стимуланс на либидото.

ЧОКОЛАДО
Ова слатко задоволство содржи материи кои го наведуваат телото да произведува повеќе ендорфин – хормонот на задоволството. За комплетно задоволство комбинирајте темно чоколадо и Cabernet Sauvignon.

ЗАЧИНЕТА ХРАНА
Зачините се познати по тоа што ја зголемуваат температурата на телото, иако не е докажано до крај дали имаат афродизијачко дејство. Но, тие што пробале велат дека примамливите мириси и зголемената температура нѐ тера да се ослободиме од вишокот на гардероба. Малку чили или кари може да биде увертира за возбудлива вечер.

ЃУМБИР
Природна вијагра која ни доаѓа од исток. Влијае на ширење на крвните садови и ја подобрува циркулацијата и протокот на крвта. Препорачливо е да се напиете чај од коренот на ѓумбирот и да почекате на дејството.

ВИНО
Умерената консумација на вино релаксира и ги стимулира нашите чувства. Самото пиење може да биде еротски чин и празник за очи. Не попусто се вели дека од вино не може да се биде пијан, туку само да се наострат сетилата.

ОСТРИГИ
Уште старите Римјани се дружеле со оваа морска храна заради зголемување на сексуалните желби, но и поради нејзините нутритивни вредности. Во комбинација со слатко вино го зајакнува своето дејство.

КАВИЈАР
Иако звучи како клише, сепак ова е еден од врвните гастрономски деликатеси, богати со фосфор и витамини. Доволно, за оваа намена, само да ви го кажеме потеклото и значењето на зборот: има персиско потекло и во превод значи – „колач на силата“.

Related Posts with Thumbnails