wordpress counter

Храноскоп (23.12 – 30.12)

Овен
Неделава ќе копнеете по пита, ќе се сеќавате на вашите омилени одмори и ќе мечтаете за наредниот. Направете ја неделава посебна со пита од вишни и крем. Toa, за момент, ќе направи да се чуствувате посебни и задоволни.

Бик
По бурниот период, неделава ќе ви биде смирена и ќе се чувствувате опуштено. Подновете ги вашите алатки во кујната, затоа што тие ќе ви овозможат повкусни и квалитетни оброци и се разбира, ќе ви го олеснат готвењето.

Близнаци
Вашата љубопитност неделава ќе ве натера да бидете посебно заинтересирани за јадење. Ќе јадете и кога нема да бидете гладни, само затоа што нема да можете да одолеете да не пробате. Внесете некои интересни состојки во секојдневните јадења кои ги приготвувате и тоа ќе ја задоволи вашата дива, љубопитна природа.

Рак
Неделава ќе ве следи многу среќа. Планетите ќе ве направат да се чувствувате смирено и ви ветуваат успех во сѐ што ќе направите. Вие сте одличен готвач и креативец, искористете го тоа неделава и дозволете да бидете препознатливи по тие вештини. Задржете се на правење супи и друга здрава храна.

Лав
Одамна веќе ве зафатила некоја монотонија, која неделава ќе бидете подготвени да ја прекинете. Ќе имате потреба од некој нов зачин, некое егзотично јадење, едноставно некаква промена. Пробајте некое јадење од индиската кујна. Таа е секогаш богата со зачини или на наједноставно јадење додадете рузмарин и маслинки и веќе вашата имагинација ќе проработи.

Девица
Неделава ќе имате многу енергија и ќе бидете посебно весели. Бидејќи зрачите со позитивна енергија, одлична идеја е да повикате гости на вечера и да им приготвите некое егзотично јадење, кое никој досега го нема пробано. Освен што во сите ќе го разбудите авантуристичкиот дух, вашето друштво ќе стане многу позабавно.

Вага
Во последно време имавте проблем со дефиницијата на сопствениот идентитет. Време е да признаете дека некое специфично, несекојдневно јадење ви се допаѓа. Припремете го во поголемо друштво, тоа ќе ви направи да се почуствувате дека сте се дефинирале себе си.

Скорпија
Неделава ќе биде совршена за вас. Ќе бидете поканети кај многу пријатели. Поради тоа ќе биде одлично доколку ги покажете своите кулинарски способности и на тие собири донесете некој ваш специјалитет. Избегнете секојдневни рецепти, разгледајте го Гурман™ и изберете нешто посебно.

Стрелец
Кога станува збор за храната, неделава ќе бидете заинтересирани за нови рецепти. Најдобри резултати ќе постигнете доколку направите некој од рецептите на светските готвачи, но притоа да додадете свој потпис, зачин или состојка.

Јарец
Енергијата на планетите ќе влијае на вас, така што постојано ќе имате желба да отпатувате некаде и да го проширите вашето знаење. Доколку не сте во можност да го сторите тоа, одлично решение ви е да научите некој нов рецепт од некоја далечна земја и да го приготвите. Тоа ќе ја задоволи вашата потреба од авантура. Притоа, поканете гости на вечера, но избегнете храна која мириса непријатно и не е многу друштвена, како лук, тартуфи и слично.

Водолија
Доколку сте љубител на готвењето, неделава ќе бидете одлични во тоа. Можеби треба да размислите и вашите кулинарски вештини да ги покажете на светот. Напишете готвач или учествувајте во некоја емисија за готвење. Притоа, задржете се на едноставни секојдневни рецепти, бидејќи преку нив најдобро се препознава квалитетниот готвач.

Риба
Неделава ќе бидете фокусирани на забавата, децата и романсата. Подгответе некој чоколаден десерт или смислете начин како ќе ги натерате вашите деца на поздрава исхрана. Припремете некој зеленчук и исечкајте го во забавни форми. На тој начин ќе им биде многу попривлечен, а вие ќе ја постигнете вашата цел.

Related Posts with Thumbnails