wordpress counter

Храноскоп

ХРАНОСКОП

ОВЕН

Еуфоричен водач. Својот жесток темперамент може да го смири со лесна храна, пред сѐ зеленчук, малку месо, без жесток алкохол и цигари.

Зелениот и црвениот зеленчук, спанаќот, зелката, рдоквата и цвеклото се некои од зеленчуците кои задолжително би требало да ги внесе во секојдневната исхрана, поради тоа што содржат железо кое на потенцијално анемичниот овен му е повеќе од потребно. За таа цел, треба да консумира црвено овошје, како што се црешата, вишната и рибизлата.

За смирување на напнатоста добро е да консумира и сино и модро овошје: модри сливи или црно грозје.

БИК

Со меланхоличен темперамент, но секогаш со добро здравје, бикот сака мирен и удобен живот. Има голем апетит, ја сака храната, дури понекогаш е и стрвен. Го сака и алкохолот, особено фините пијалаци.

Ја обожува кујната и знае да готви, па ве советуваме слободно да седнете на трпезата која ја подготвил некој бик. Поради тоа што се склони кон дебелеење, особено на постари години, важно е на време да го ограничат својот апетит.

На биковите особено им одговара синото овошје како сливите, капините и останатите шумски плодови, како и грозјето. Корисно е да јадат и грав, компири, ориз и пилешки стек.

БЛИЗНАЦИ

Покрај својата непостојаност, многу се симпатични, витални, младолики и полни со енергија. Припадниците на овој знак се секогаш во тек со времето, па можеби и затоа се спремни да ги прифатат сите трендови во исхраната: макробиотика, вегетаријанство или некоја нутритивна новост.

Го сакаат готвењето, новите јадења и рецепти, но во поглед на храната се многу избирливи. Не сакаат долго седење на маса, па затоа и консумираат помали оброци кои повеќе личат на коктел мезе. Особено ги привлекува егзотичната кујна на азиските земји.

Најмногу треба да јадат зеленчук и овошје со индиго боја – грозје, капини, темни цреши, домат. Особено е добро да се дружат со салати со мешан зеленчук.

Пушењето им е строго забрането, а сиестата во попладневните часови е задолжителна.

РАК

Сензибилниот рак го сака домашното огниште, колачите и другите слатки работи со кои компензира за љубовните и животните проблеми.

Во поглед на храната не е многу избирлив, јаде буквално сѐ. Но, поради осетливиот желудник треба да внимава на алкохолот, а лутата храна треба да заборави дека постои.

Треба да јаде ракчиња, школки и останати скапоцености на морето. Од зеленчукот и овошјето му се препорачува она со жолта кора: компир, тиква, банана, ананас, круши, грејпфрут, лимон.

ЛАВ

Од животот го сака најдоброто, затоа што смета дека му припаѓа по раѓање и поради тоа троши многу пари на животните задоволства, вклучително и на храна.

Кога е седнат покрај маса, многу избира. Бара и го цени квалитетот повеќе од било кој друг знак. Својата исхрана треба да ја организира во зависност од тоа дали има проблеми со крвниот притисок. Ова особено се однесува на кафето и цигарите. Бидејќи негова боја е златната, сака необични видови леб и печива. За неговата исхрана хлорофилот е особено значаен, па треба да јаде кељ, зелка, цикорија. Од зачините и тревките може да консумира копар и магдонос. За да има енергија, мора да јаде храна која содржи витамин Ц и Е. Мешунките, јајцата и рибата треба да ја красат неговата трпеза.

ДЕВИЦА

Прецизната девица ја мери до грам секоја храна која е дел од дневниот оброк. Поради осетливиот дигестивен систем не смее да консумира одеднаш поголема количина на храна и треба да го избегнува жестокиот алкохол. Токму поради проблемите со дигестивниот систем, најголем дел од вегетаријанците се во знак на девица.

Зелен зеленчук како спанаќ, марула, младо кромитче и лукче, штавел и брокула мора да биде дел од нејзината исхрана. И треба многу железо и калиум. Затоа би требало да јаде овес, тиквички, калинки и јаболка.

ВАГА

Најкарактеристично за вагата е што со лошата исхрана го нарушува своето добро здравје. Затоа, припадниците на овој знак треба да избегнуваат црн пипер, црно кафе, чоколадо, бел шеќер и многу сол. Подобро е да консумираат морска сол и мед наместо бел шеќер.

Од останатите видови храна им одговараат ориз, зелена салата, краставица, рибизли и брусници. За да ја одржат рамнотежата на организмот и витамините, треба да јадат риба, јаткасти плодови и смокви. Портокаловите овошја како манго, јапонско јаболко, кајсија и мандарина треба да бидат редовно во нивната чинија.

СКОРПИЈА

Жестоката скорпија сака пикантна храна, претерува во сѐ, па дури и во пиењето. На скорпиите строго им се препорачува да јадат храна која содржи калциум, натриум и железо. Овие елементи ги има во џигерот, месото со малку маснотии (како говедско), аспарагус или најразлични цереалии. Кога го готват месото, пожелно е да додадат босилек или коприва.

Се препорачува од овошјата да јадат грозје, капини, модри сливи, тиква, банана, ананас, круша и лимон. Додека од зеленчукот компир, зелена пиперка и домат. И млекото е многу корисно за припадниците на овој знак.

СТРЕЛЕЦ

Безгрижниот стрелец може да пати од вишок килограми, а особено се дебели околу бедрата и колковите.

Овој хороскопски знак ужива во храната, па затоа секогаш им е тешко кога мора да прават диета. Потребна им е храна со силициум и калциум хлорид, кои ги има во зелените јадења како што се нане, магдонос, целер и аспарагус. Микс од нане и мед е одличен лек за припадниците на овој знак кои патат од нервози.

Мешункастите плодови и зеленчукот мора да се составен дел од нивната исхрана, а можат да ја збогатат и со цвекло, виолетова зелка и кромид и бобинки.

ЈАРЕЦ

Многу е скромен во своите барања, како во поглед на начинот на живеење така и во поглед на храната. Не пие црно кафе и фини пијалаци, а ретко ќе го видите да јаде по ресторани.

Зеленчукот, макароните и млекото се многу корисни за нив. Најважниот елемент за нивниот организам е калциумот. Иако не пати од вишок килограми, сепак треба да консумира храна со помалку маснотии и затоа најдобро за него е да јаде бела храна (млеко, сирење и пилешко месо). Од овошјето треба да јаде малини, јагоди, цреши и црвено грозје. Од зелената храна магдонос и целер, а рдоквата мора да ја има во чинија.

ВОДОЛИЈА

Водолијата е најголем поборник за вегетаријанска и макробиотичка кујна, поради тоа што не сака животните да патат поради неа.

Припадниците на овој знак поседуваат ментална енергија, но со физичката секогаш имаат проблем. Затоа им е потребно многу одмор, сон, уреден животен ритам и правилна исхрана. Особено значајни извори на храна за нив се лимони, какао, соја и кикиритки. Овие производи содржат доволно магнезиум и натриум кои се мошне значајни за секој припадник на воздушен знак.

Јадењата со зелка се особено важни за нив затоа што ја намалуваат главоболката, која е карактеристична за припадниците на овој знак. Од зачините морска сол, како и сите зеленчуци и овошја освен киселите по вкус.

РИБИ

Ова секако е најкомплексниот знак во зодијакот. Рибата знае да побегне од секојдневните проблеми во светот на храната, па затоа многу претставници на овој знак се дебели луѓе.

На нивниот организам му се потребни калиумот и железото, а особено јодот. Сите овие елементи се наоѓаат во бадемите, калинките, морската храна и рдоквата.

На рибите им одговараат јадења со витамините Ц, Д и Е, за да ја одржат рамнотежата на витамините во организмот.

За да ја збогатат својата исхрана може да јадат свеж и варен зеленчук и овошје со индиго или модра боја како што се сливи, грозје и капини.

Related Posts with Thumbnails