wordpress counter

ИКЕА Готвач

ИКЕА готвачот ги трансформира внимателно одбраните рецепти во вистински уметнички дела. Функционира според еден едноставен рецепт: ги наведува состојките, го објаснува начинот на нивно комбинирање и на крајот ја вклучува сликата на готовото јадење.

Наместо, како во другите готвачи, само да ги прикаже рецептите, фотографот Карл Клајнер ги фотографирал слатките пред да бидат подготвени, презентирајќи врз состојките еден прекрасен минималистички поглед.

Пристапот на презентација е ист како и со другите ИКЕА производи. Имено, како што се купува кујна или друг производ во делови, така и книгата ги покажува посебните состојки и начинот на нивно „составување“. Книгата има навистина посебен наслов: „Домашно приготвеното е најдобро“.

Уживајте во нивнот дело:

Related Posts with Thumbnails