wordpress counter

Интересни уреди за храна и пијалаци

Оваа статија ја посветуваме на неколку интересни „гаџети“ за храна и пијалаци. Еден дел од нив навистина може да имаат употреба, но голем дел се целосно непотребни и некорисни.

Ѓердан – држач за чаша вино
Ова решение ќе ви помогне никогаш да не ја загубите вашата чаша кога сте на забава. А рацете и натаму ќе ви се слободни.
Цена: 1.100 денари

Боксерка за месо
За жал, боксерката е едно од најчесто користените орудија. Но, се надеваме дека повеќето ќе започнат да купуваат само ваква боксерка и ќе ја користат само во кујна при приготвување на месо.
Цена: 600 денари

Држач за течност
Ако некогаш сте посакале да ставите некоја течност во пластично ќесе, тогаш ќе ви биде потребен овој држач. Иако, сè уште не е сосема јасно зошто некој би ставал течност во ќесе.
Цена: 450 денари

Држач за хартија
Овој уред може да има вистинска примена и да биде корисен. Ја сече хартијата токму на онаа големина која ви е потребна, без да се отвора целата ролна.
Цена: 2.700 денари

Цедалка за палачинки
Со овој уред палачинките ќе ви бидат секогаш со иста големина. Ќе бидете подобри од ресторан.
Цена: 600 денари

Related Posts with Thumbnails