wordpress counter

Интервју: Тијана Дапчевиќ

ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ

Некаде помеѓу редов­ните про­шетки за запо­зна­вање на пре­кра­сниот Вук со неј­зи­ното Ско­пје, пора­зго­ва­равме со поп ѕве­здата Тијана Дапче­виќ за оми­ле­ното јадење, маке­дон­ската и српската кујна, за мајчинството…

Пред да започ­неме со ова кули­нар­ско пату­вање, едно директно пра­шање: дали си гладна?
– Не сум гладна, затоа што што­туку изе­дов еден чизбур­гер од Сед­мица! Инаку, тој чизбур­гер го сону­вам и му се острам со месеци и многу сум сре­ќна што конечно го завр­шив моето „пату­вање“ до Сед­мица.

Како добри дома­ќини, ти нудиме мени со сè што ќе поса­каш. Што би тре­бало да те чека на трпе­зата за да бидеш задо­во­лна?
– Па, од утре поч­ну­вам да јадам само чорби и салати, така што може една чорба со зелен­чук, а вед­наш потоа една салата со сѐ во неа.

Како изгледа еден ден на Тијана, опи­шан во храна?
– Поч­нува со овошје, многу овошје! Потоа, корн­флекс со јогурт — јадење кое за жал ќе го избег­ну­вам во след­ните неко­лку месеци. И, ако Вук ми даде време, готвам нешто за ручек… и така, јадам нон-стоп!

Ако слу­чајно бидеме пока­нети во тво­јот дом, дали ќе те нај­деме во куј­ната, или на некое друго место?
– Сигурно во куј­ната. Во нашиот дом, днев­ната соба е повр­зана со куј­ната, па со сигур­ност ќе ме нај­дете таму. И тоа како ви варам кафе или сечам од тор­тата која што­туку сум ја направила.

tijana02Маке­дон­ска и српска кујна, колку се слични одно­сно различни?
– Па, слични се — и тие и тие сакаат многу да јадат. Кај србите се знае: супа, сала­тата на страна и вед­наш глав­ното јадење. И секако десерт. А, кај нас: салата, ракија, салата, ракија… и кога ќе дојде време за јадење — ааа, па многу мезевме!

Кога доа­ѓаш во Маке­до­нија, што нај­че­сто сакаш да јадеш?
– Тоа што ќе го при­го­тви мајка ми. Нај­че­сто ја малтре­ти­рам да прави готвени јадења: чорби, гравче, чорба со гравче… И секако, неј­зи­ните про­чу­ени лазањи.

Сега имаш пре­кра­сна улога и еден мал пре­кра­сен принц, тво­јот син Вук. Како ти се чини уло­гата на мајка?
– Пре­кра­сно е! Мислам дека нема поу­баво чув­ство. Вака не сум се чув­ству­вала нико­гаш во животот!

Колку ти беше тешко т.е. лесно да се хра­ниш во бре­ме­но­ста?
– Ми беше многу лесно — јадев сѐ и сешто! Воо­пшто не вни­ма­вав, што се одрази на мојата линија. Но, што е — тука е. Бев во депре­сија дека немам повеќе млеко за да го дојам Вук, но се поми­рив со судбината.

Што би им пре­по­ра­чала на идните и сега­шни мајки во однос на исхра­ната, нивна и на нив­ното дете?
– Да се фоку­си­раат на здрава исхрана во текот на бре­ме­но­ста, затоа што на нив­ното бебе нема да му помогне тоа што јадат пити, сла­до­леди, торти, крофни… А, за нив­ното дете — што повеќе го дојат, тоа подобро.

Постои ли некој оброк, кој со мири­сот те враќа во дет­ството?
Сед­ми­цааа! Ме враќа во 1990–91… ОУ „Песталоци“…

И, за крај — ајвар или бурек?
– И едното и дру­гото!

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.