wordpress counter

iPhone апликации за рецепти и готвење

Со iPhone апликациите за готвење, шопингот станува сериозно поедноставен. Едноставно ќе пронајдете рецепт кој сакате да го зготвите, со шопинг листата одите во продавница, ги купувате продуктите и заминувате во вашето царство за готвење – кујната. Подолу следи список на апликации кои можете да си ги дозволите и на тој начин да си го олесните купувањето.

How to cook everything
Цена: 235 денари

Оваа апликација вклучува преку 2.000 рецепти од ѕвездата на готвењето на New York Тimes, Mark Bitman. Можете да пребарувате по клучна состојка и да направите повеќе шопинг листи.

UCook
Цена: бесплатно

Има околу 6.000 рецепти, но и една посебна опција – да пребарувате посебни попусти според локација, што е одлично за оние со ограничен буџет.

GroceryZen
Цена: бесплатно

Оваа апликација не содржи рецепти, но има список на општи продукти, која може да ја надополнувате. Освен тоа, има можност и за праќање на шопинг листата преку e-mail до продавницата и оттаму да ви ги достават продуктите до саканата адреса.

20 Minute Meals – Jamie Oliver
Цена: 375 денари

Има слични опции како и првата од наведените, со тоа што оваа поседува и опција за видео. Иако е поскапа од другите, сепак Џејми е Џејми.

Related Posts with Thumbnails