wordpress counter

Излезе новиот „Мишелин“ водич за 2012 година

Најголема новост во врска со наградите „Мишелин 2012“ е големиот бум на јапонските ресторани со 3 ѕвездички, кои според овој водич ја преземаат главната улога во светската гастрономија.

Новиот водич излезе во втората половина на минатиот месец, впрочем како и секоја година. Претставени се водичите за САД, Европа и Азија. Најголемото „изненадување“ е дека дури 29 јапонски ресторани добија 3 ѕвездички и со тоа земјата на изгрејсонцето се најде на врвот на гастрономската понуда. На второто место остана Франција, со 26 ресторани со по три ѕвездички.

На вкупно доделените 296 јапонски ѕвездички се појавија и бројни критики, особено околу прашањето колку европските инспектори можат да ги препознаат разликите и финесите во традиционалната јапонска кујна.

Што се однесува до нас, нема големи разлики. Познатите готвачи Хестон Блументал и Гордон Ремзи и понатаму си ги имаат своите три ѕвездички. Единствено изненадување е што по првпат две ѕвезди му се доделени на паб. Станува збор за пабот „Hand and Flowers“, со готвачот Том Кериџ.

Најдобро оценетите ресторани главно нудат јапонска, корејска и француска кујна.

Related Posts with Thumbnails