wordpress counter

Казна ако не изедете сѐ!

Сопственичката на еден ресторан во Австралија донела една навистина необична одлука. Имено, почнала да бара од госите да го изедат сѐ она што го нарачале, или во спротивно ќе платат казна и нема да бидат добредојдени во ресторанот.

Станува збор за Јукако Ичикава, која вовела попуст од 30% за гостите кои ќе го дојадат сѐ она што го нарачале во ресторанот „Wafu“ во едно предградие на Сиднеј.

Причината не е само што не сакала да ги гледа остатоците од храна кои се фрлаат во ѓубре, туку и фактот што Ичикава е посветена на зачувување на животната средина. За да се придонесе кон создавање на одржлива иднина, Јукако побарала малку повеќе труд од гостите во споредба со другите ресторани.

Related Posts with Thumbnails