wordpress counter

Кејт Мос готви?!

КЕЈТ МОС ГОТВИ?!Сакајќи да докаже дека освен што јаде (иако ниеден од нејзините пријатели никогаш не ја видел), знае како тоа и да го подготви, моделот Кејт Мос најави дека пишува готвач со рецепти. Јасно е дека тоа нема да биде „Велики Народни Кувар“, туку мало книгиче со рецепти лесни за приготвување, сепак оваа идеја е за поздравување.

Она што е најбитно е дека книгата нема да зборува само за зелена салата и цигари, туку ќе вклучи и супа од пилешко, солено говедско месо и колачи од мед.

Инаку, Кејт Мос ќе биде првиот супер модел кој се решил да напише книга за готвење. Идејата произлегла од неколку едноставни еврејски јадења кои најдоа место во новата книга на нејзината добра другарка Сташа Палос, инаку во слободно време ќерка на топ-шоп могулот Сер Филип Грин.

Но, Мос треба да биде подготвена и на остра конкуренција, бидејќи неколку славни личности веќе најавија слични книги во наредните неколку месеци. Глориа Естефан, Пети Лабел и Тони Данца се некои од нив, а Гвинет Полтроу го најави својот готвач за следната година. Но, веруваме дека токму книгата на Кејт Мос ќе предизвика најголем интерес, со оглед на интересната врска што постои помеѓу манекенството и исхраната.

Гурман™ со нетрпение чека да ве извести за успехот на првиот обид на Кејт Мос во светот на кулинарството.

Related Posts with Thumbnails