wordpress counter

Ќесе против кражба на оброкот

Можеби ви се случило некој од колегите или пријателите да се послужи со вашиот појадок или ручек. Или поголемите батковци на училиште да „го позајмат“ вашиот оброк кој ви го приготвила мама уште рано наутро. Со ова ќесе тоа ќе стане заборав. Барем, додека сите не почнат да го користат.

Имено, на самото проѕирно пакување се наоѓаат големи темно-зелени кругови или точки и оброкот изгледа како да е расипан и никој нема да сака да се послужи со него.

Инаку, ова пакување е направено од материјал кој е сигурен за храната и може повторно да се употреби. Има големина на сендвич, а цената му е околу 400 денари.

Related Posts with Thumbnails