wordpress counter

Книга: „Celebrate: a Year of Festivities for Families and Friends“

„Celebrate: a Year of Festivities for Families and Friends“
Автор:
Пипа Мидлтон

Ова е прва книга на Пипа Мидлтон, сестра на идната кралица на Британија, Кејт. Во своето писателско првенче, Пипа ни ги открива тајните на организирање успешна домашна забава.

Книгата е полна со рецепти, совети и детални инструкции како да организирате незаборавен настан за вашите блиски. Покрај рецепти, во книгата ќе најдете и начини сами да направите ракотворби и правила за традиционални игри. Секако, и информации како нејзиното семејство ги слави големите празници.

Инаку, Пипа Мидлтон е уредник во „The Party Times“, онлајн магазин на „Party Pieces“, британскa водечка онлајн компанија за организирање на забави, која е во сопственост на семејството Мидлтон. Пипа, конкретно, има организирано бројни забави за луксузни брендови и корпорации, но и приватни забави.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Од вечера во „Боинг“ до келнер мајмун

Канадскиот готвач и ТВ ѕвезда, Боб Бламер, одлучил да посети некои навистина чудни ресторани и да ги претстави пред јавноста...

Close