wordpress counter

Книга: Десерти

Десерти
Автор: Aine McAteer
Издавач: Планетопија, Хрватска
Цена: 420 денари

Aine McAteer е ирска професорка по гастрономија, која со своите рецепти и специјалитети го освои Холивуд. Роберт Редфорд, Никол Кидман и Пирс Броснан се само некои од имињата кои уживаат во нејзините специјалитети. Во оваа книга ни претставува рецепти за десерти кои се природни и здрави и на кои тешко може да се оддолее.

Оваа книга, составена специјално за хрватската издавачка куќа Planetopija, е одлична токму за празнично планирање на десертите кои сакате да ги подготвите. Одличен начин да уживате во слатките, а да немате грижа на совест. Во оваа книга не постојат состојки како шеќер, јајца, путер и слатка павлака. Но, затоа ќе уживате во сендичи со џем од јагоди, чоколадни кекси со мента, пралине од брусници и лешник.

Покрај тоа што е позната како готвачка на славните, таа пишува и колумни за веб-сајтот на Опра Винфри и ја развива макробиотчката кујна. Добитник е на престижната награда Gourmand World Cookbook Award, за најдобар светски готвач на здрава храна.

Related Posts with Thumbnails