wordpress counter

Книга: „A Feast of Ice and Fire: The Official Game of Thrones Companion Cookbook“

„A Feast of Ice and Fire: The Official Game of Thrones Companion Cookbook“
Автор:
Челси Монро-Кесел, Сариан Лерер

Претходно, ве информиравме за готвачот кој е направен според серијата „Вистинска крв“ на „HBO“. Сега ве запознаваме со уште една книга-готвач која е поврзана со ултрапопуларната серија „Игра на тронови“.

Книгата ја напишаа Лерер и Монро-Кесел, двете готвачи-аматери, фанови на серијата и сопственички на блог за храна кој црпи инспирација од книгата „Песната за мразот и огнот“ на Џорџ Р. Р. Мартин, според која е снимена и серијата. Предговорот на книгата готвач го напиша токму Мартин.

Во оваа книга ќе најдете неверојатен број на рецепти од кујните на Седумте кралства. Од неверојатните специјалитети на Кралебран, па сè до топлата и чадена храна на Северот. Источно од Вестерос ќе уживате во егзотична храна. Буквално за сечиј вкус.

Интересно е дека овие рецепти се прилагодени на модерните техники на готвење, но оние со авантуристички дух може да се обидат и со автентични средновековни техники и јадења. Авторките сугерираат и замена на некои од состојките, така што нема да мора да набавувате месо од камили, змејови јајца, живи гулаби.

Во книгата има повеќе од 100 рецепти поделени по региони, а содржи и водич за начинот како да јадете и да се забавувате во стилот на ликовите од серијата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Бело виски

За првпат по прохибицијата на алкохолот во САД во текот на минатиот век, „Џек Даниелс“ ќе понуди таканаречено бело виски....

Close