wordpress counter

Книга: Мишелинов водич за европски градови – ресторани и хотели

Новиот водич на Мишелин за европските градови за 2011 година, донесува преглед на одбрани хотели и ресторани во 44 земји во Европа. Опфатени се хотели и ресторани во сите категории и цени. Водичот донесува нови 199 ресторани, од кои 6 имаат 2 мишелинови ѕвездички, а дури 39 станаа горди сопственици на по една ѕвездичка.

Некои од новите сопствени на две ѕвезди се ресторанот „L’Atelier de joel Robuchon – Etoile“ во Париз, „Ramon Freix“ во Мадрид, „The Restaurant“ во Цирих и „The Connaught“ во Лондон.

Интересно е дека овогодинешниот водич посветува поголем број страници и за т.н „value for money“ кујна, односно каде добивате најмногу за дадените пари.

Први што го купија водичот беа французите, каде продажбата започна вчера. Цената на овој водич е 1.300 денари.

Related Posts with Thumbnails