wordpress counter

Книга: Неофицијалниот готвач на Хари Потер

Неофицијалниот готвач на Хари Потер
Автор: Дина Бухолц
Издавач: Adams Media
Цена: 530 денари

Ако сте фан на Хари Потер и се прашувате што јадат Хари и неговата дружина, тогаш оваа книга е како создадена за вас. Оваа книга ги содржи сите рецепти за секоја храна која е спомената во Хари Потер, од кајгана, па до фенси десерти како колачи со меласа.

Иако владее мислењето дека британската кујна е неинвентивна, оваа книга го докажува спротивното. Преку 150 рецепти се детално пручени и прилагодени на широката публика. Секое јадење и рецепт се надополнети со опис на тој специјалитет од богатата британска кулинарска традиција.

Така, ќе дознаете за интересни моменти од британската кујна, како овошната торта на тетка Петунија, божиќни колачи, пита со печурки и пилешко, глазирани моркови, шкотскиот хагис, црн пудинг, сос од брусници, колачи со црно чоколадо.

Едноставно, ако го сакате Хари Потер и ако сакате да дознаете повеќе за британската кујна, тогаш оваа книга е вистинскиот избор за вас.

Пријатно читање и Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails