wordpress counter

Книга: Новата уметност на јапонското готвење

Тhe New Art of Japanese Cooking
Автор: Моримото

Готвењето на Моримото има длабоки јапонски корени, иако овој готвач зборува за глобално готвење на 21-от век. Неговите специјалитети се комбинација од прекрасни јапонски бои и ароми со мултикултурно влијание од другите светски кујни.

Во неговите рецпети ќе ги препознаете и традиционалните кинески зачини, едноставни италијански состојки или рафинираниот француски стил на готвење. Сите овие комбинации, чекор-по-чекор инструкции и прекрасни фотографии ја сочинуваат оваа книга на Моримото. Само ќе ви навестиме дека по оваа книга ќе знаете да зготивте Суши рижото, Моримото билабе, Багна Кауда или Шигијаги.

Инаку, Моримото има свое неделно шоу на „Food Network“. Претходно, бил главен готвач во „Нобу“ и „Сони клаб“, а денес поседува сопствени ресторани во Њујорк, Филафелфија, Токио и Мумбаи. Поседува и сопствен бренд за саќе и пиво.

Related Posts with Thumbnails