wordpress counter

Книга: „Уметноста на јадењето“

„The Art of Eating“
Автор: М. Ф. К. Фишер
Издавач: „Wiley“, САД

Оваа книга е колекција на есеи напишани од едно од најголемите американски имиња на гастрономската литература. Голем дел од тие есеи се автобиографски или историски прикази на подготовка и консумација на храна.

На страниците на ова богатство од книга ќе најдете сѐ и сешто. Од приказни на домаќинките од Втората Светска Војна и подготовка на јадење без основни состојки, па сѐ до гурмански приказни на блиски луѓе и пријатели, со посебен осврт на нејзините студии во лулката на гастрономијата, Франција.

Во секоја приказна зрачи страста која Фишер ја чувствува кон храната. Ја става во трите основни потреби на секој човек, заедно со љубовта и сигурноста. Книгата, во 1989 година ја освои наградата за „Најдобра книга за готвење според Џејмс Беард“.

Related Posts with Thumbnails