wordpress counter

Книга: Вечерни бајки за храната

Вечерни бајки за храната
Автор: Вељко Барбиери
Издавач: Вечерњи лист, France
Цена: 240 денари

Вељко Барбиери е оној пријатен глас кој на хрватската национална телевизија ја води една од најинтересните емисии – „Jelovnici izgubljenog vremena“. Постојано истражува, пронаоѓа одамна заборавени рецепти и се обидува да зготви на истиот начин е денес.

„Вечерни бајки за храната“ е само продолжение на неговиот богат литературен опус. Оваа книга не е само бајка, туку и еден вид на времеплов. Времеплов кој спојува интересни приказни, стари и нови, легенди и вистински случки. Но, тоа е само вовед во голем број на посебни рецепти кои ќе ги најдете на страниците на оваа книга.

И оваа книга, како и сите други во кои Барбиери ја слика храната, настанале од неговите емисии, патувања и колумни. А, со оглед дека сите негови приказни и рецепти се бајковити, овој наслов е единствено прикладен да го опише овој посебен свет на храната.

Related Posts with Thumbnails