wordpress counter

Книга: „Vegetarian“

Vegetarian
Автор:
Алис Харт

Оваа книга е наменета за сите љубители на вегетаријанската исхрана и содржи 141 рецепт, чиј степен на сложеност при приготвување варира од лесно приготвување, па сѐ до рецепти кои бараат сериозна вештина. Рецептите се поделени на предјадења, салати, главни јадења, печени јадења и вегетаријански рецепти за специјални настани.

Интересно е дека во книгата има и несекојдневни рецепти, кои речиси никогаш не сме ги приготвувале. На пример смуди од манго или индиски оревчиња. Инаку, за секој рецепт има мала најава и секако совети како полесно и поедноставно да го подготвите рецептот.

Интересно е дека постојат содржини кои не се појавуваат на почетокот во набројувањето на содржините на книгата, туку ги откривате преку прошетка низ книгата. Така, ќе најдете кратки рецепти за сосови, дополнителни јадења, филови, потоа секции со упатства како да направите млеко од јаткасти плодови, јогурт, тофу…

Па, вегетаријанци и љубители на експериментирањето, Гурман™ со задоволство ви ја препорачува оваа книга.

Related Posts with Thumbnails