wordpress counter

Книга: „Запомнети рецепти: Прослава на преживувањето“

Recipes Remembered: A Celebration of Survival
Автор: Џун Феис Херш
Издавач: Музеј на еврејското наследство
Цена: 1.000 денари

Оваа книга е нешто навистина посебно. Нејзината приказна се всушност мемоари на преживеаните од Холокаустот во Втората Светска Војна. Авторката интервјуирала повеќе од 100 преживеани лица и нивни роднини при пишувањето на оваа книга. Ги запишувала нивните приказни, нивните сеќавања за храната и ги навела сите рецепти и јадења.

Книгата е богата со илустрации и е поделена на географски зони. Започнувајќи од колонијата евреи на грчкиот остров Родос, преку полската заедница која уживала во традиционалното еврејско готвење (кугел, гефилте риба), па сѐ до рецепти кои можеби ги слушаме за првпат, како пита од зелка замотана во тесто за колачи. Сите рецепти се всушност јадења на кои се сеќаваат преживеаните од Аушвиц.

Инаку, Хирш има завршено новинарство на Универзитетот во Пенсилванија. Досега има напишано три книги и сите средства кои ги собрала од нејзините дела одат во добротоворни цели. Во моментот работи на нејзината најнова книга со наслов: „Едноставно, поедноставно, наједноставно.“

Related Posts with Thumbnails