wordpress counter

Кој хороскопски знак во која храна ужива? (1 дел)

Нашата омилена храна е определена и од ѕвездите. Во оваа статија, ќе дознаеме што сакаат да јадат хороскопските знаци и што би требало да јадат за да го зачуваат своето здравје и линија. Ова е корисно за нас лично, да научиме како да одолееме на искушенијата и желбата за одредена храна која ни штети, да ја замениме со храна која е добра за нас. Оваа статија ќе ни се најде и во ситуации кога треба некого да поканите на вечера, а не знаете кој тип на храна му е омилена.

Овен – тие се големи гурмани, секогаш првин солат, па потоа вкусуваат. Сакаат зачинета храна и нема да погрешите доколку ги однесете во ориентален ресторан. Омилена храна им е скара, сирење, маслинки. Уживаат во газирани пијалаци. Се случува да испуштат оброк, но затоа кога ќе седнат да јадат, тоа трае и трае… Кога ќе се прегладнат стануваат раздразливи и почнува да ги боли глава.

Храна која им одговара: црвени овошја, зеленчук, лук, ѓумбир, кромид, ротквица, интегрални печива и чај. Треба да пијат многу вода и потребен им е повеќе одмор. Треба да одбегнуваат сол и алкохол.

Бик – За нив јадењето е свет ритуал и не сакааат да бидат вознемирувани за време на оброкот. По јадењето сакаат да уживаат во кафе, а потоа да се одморат. Сакаат многу различни видови на храна и уживаат во неа. Особено може да ги израдува топол леб со ајвар и сирење. Нема да погрешите што и да им приготвите, бидејќи не се проблематични и пребирливи.

Храна која им одговара: бадеми, јагоди, круши, јаболка, сливи, спанаќ, јајца, џигер. Важно е за нив барем еднаш неделно да јадат храна богата со јод, како риба и ореви. Бидејќи често имаат проблем со килограмите, треба да одбегнуваат јаглехидрати и високо калорична храна.

Близнаци – За нив е омилена инстант храната, бидејќи нивниот ден секогаш е динамичен. Обожуваат сендивичи, пици и сите видови на брза храна. Стрвни се и лакоми и лесно можете да ги намамите да пробаат некој вид на храна. Често можете да ги видите со чипс или други грицки во рака. Најмногу би се израдувале доколку ги однесете во некоја сендвичара на вечера, а одбегнувајте да ги каните на кафе.

Храна која им одговара: бидејќи најчесто имаат проблеми со белите дробови и нервите, треба да внимаваат што внесуваат. Состојките кои делуваат добро на белите дробови ги има во зеленукот, овошјето и интегралниот ориз. За нервите е добро да јадат варена риба, школки и бадеми. Да не избегнуваат млечните производи. Кафето не им е најдобар пријател, може да ги направи многу нервозни, па најдобро би било да го заменат со чај.

Рак – Кога се гладни се нервозни, па секогаш наоѓаат време за јадење. Најмногу сакаат домашно приготвена храна и уживаат во ручекот на мама. Нивен совршен состанок е да ги повикате на вечера која вие сте ја приготвиле. Не го заборавајте десертот, тие секогаш сакаат да се засладат, а се познати и како љубители на алкохолот.

Храна која им одговара: најчесто имаат проблеми со желудникот, поради тоа треба да јадат жолчки од јајца, житарки и риба. Поради недостатокот на калциум, често имаат и проблеми со кожата, така што треба да внесуваат и млечни производи. Треба да одбегнуваат зачинета храна и слатки.

Related Posts with Thumbnails