wordpress counter

Кој хороскопски знак во која храна ужива (2 дел)

Во првиот дел зборувавме за односот на овенот, бикот, близнаците и ракот со храната. Овој дел ќе биде посветен на наредните четри хороскопски знаци – лав, девица, вага и скорпија.

Лав – сакаат вистинска гозба, нивното седење во ресторан трае со часови и секогаш мора да ги има сите делови од оброкот. Сакаат морска храна, месо и чоколадо. Обожаваат да ги фасцинираат луѓето со своето готвење, па најдобро би било да отидете кај нив на вечера.

Храна што им одговара: бидејќи се премногу амбициозни, често им се слаби нервите и имаат проблеми со крвниот притисок. Семиња, јаткасти плодови, морска храна, бифтек и млечни производи се чувари на нивното здравје. Треба да избегнуваат масна храна.

Девица – пребирливи се и ориентирани кон поздравата храна, но сакаат многу сувомеснати производи и чоколадни десерти. Во ресторан најчесто нарачуваат скара, плескавица или ќебапчиња, со чаша црвено вино. Најдобро би било да ги однесете во некоја кафеана, позната по добра скара.

Храна што им одговара: девиците се постојано загрижени и тоа се рефлектира на нивниот желудник и црниот дроб, па треба да избираат храна која е добра за нив, како што се зелени зеленчуци, јаткасти плодови, интегрални печива, калинка и банана. Сакаат чоколадо, но чоколадото не ги сака нив, им ја влошува состојбата со желудникот и им ја расипува кожата. Треба целосно да го избегнуваат.

Вага– најубав подарок за нив е колаче или бомбониера. Не поминува ден без да не претераат со слаткото. Со нив прескокнете ја вечерата и одете директно на десерт. Тоа би го ценеле најмногу.

Храна што им одговара: високо протеинска храна и многу зеленчук е храната која ќе им го зачува здравјето и добриот изглед. Поради осетливата кожа, треба да избегнуваат масна храна и алкохол.

Скорпија – уживаат во храната и во пиењето, со часови би седеле, би пиеле и би мезеле. Сакаат месо и лута храна. Тоа е вистинска гозба за нив.

Храна што им одговара: млечни производи, карфиол, брокула, морска храна. Мораат да ги намалат оброците, а вечерата да му ја подарат на непријателот.

Related Posts with Thumbnails