wordpress counter

Кој хороскопски знак во која храна ужива (3 дел)

Во последниот дел, ни останаа уште 4 хороскопски знаци – стрелец, јарец, водолија и риби. Ајде да погледнеме и претставниците на овие знаци како реагираат на храната и што најмногу сакаат.

Стрелец – обожуваат егзотична храна. Тие би вкусиле сѐ што е чудно и несекојдневно. Иако не признаваат, тие сакаат и секојдневна храна како шницла или плескавица со леб. Изненадете ги со вечера во некој ново-отворен ориентален ресторан и црвено вино.

Храна која им одговара: треба да јадат четири помали оброци од свежо овошје и зеленчук дневно, варено месо и јајца, а кремастите и многу масните производи не се за нив.

Јарец – не сакаат да експериментираат и не сакаат промени. Јарците сакаат кога ќе им подготват традиционално јадење, а кога тие ќе одлучат да готват, тогаш тоа е без грешка. Обожуваат вишни со чоколадо, козјо сирење и црвено вино.

Храна која им одговара: цитрусни овошја, зелени зеленчуци, многу сирење и јогурт. Треба да избегнуваат зачинета храна.

Водолија – за нив не е важен појадокот и поради тоа често го прескокнуваат. Но, затоа навечер, надокнадуваат сѐ што пропуштиле. Кремасти супи, пити, пршута, сирење, маслинки и слатки се нивното омилено јадење. Им значи доколку готвите за нив, тоа го ценат и повеќе би се израдувале доколку сте им зготвиле сами, отколку да ги однесете во ресторан.

Храна која им одговара: сина риба, како туна или скуша, јаткасти овошја, сирење и кашкавал. Треба да намалат со кафето.

Риби – рибите се мошне пребирливи кога е во прашање храната. За нив е важно оброкот да е естетски сервиран и да им биде примамлив на око. Ќе им го подобрите расположението со морска храна. Внимавајте кога излегувате со нив, бидејќи добро поднесуваат алкохол, веројатно нема да можете да ги следите со пиењето.

Храна која им одговара: богата со железо, како што се спанаќот, јагнешкото месо или џигерот. Треба да одбегнуваат сол и кафе.

Related Posts with Thumbnails