wordpress counter

Кока Кола – факти и митови

Веруваме дека нема човек на светот кој не слушнал за Кока Кола. Овој освежителен пијалак е еден од најпродаваните во историјата на пијалаците. Ова е еден наш обид да ги наведеме сите факти и митови кои веруваме дека ќе ви бидат интересни.

• Прв пат е направена во една аптека во Атланта во 1886 година. Се продавала по цена од 5 центи (денес 2,3 денари).

• Првата година, нејзиниот изумител Пембертон продавал по 10 чаши на ден. Денес, се продаваат 1.5 милијарди шишенца секој ден.

• Првата фабрика за Кока Кола во Европа е отворена во 1919 година во Франција.

• Биле потребни речиси 70 години за да се произведат нови вкусови. Фанта е претставена во 50-тите години, а Спрајт во 1961 година. Денес, компанијата има преку 3.300 различни пијалаци.

• Компанијата само еднаш се обидела да го измена оригиналниот рецепт. Тоа се случило во 1985 година. Потегот бил катастрофален и оттогаш рецептот е еден и единствен.

• Диеталната Кока Кола е претставена во 1980 година во ерата на трикоа, фитнес лудило и стегачи.

    Related Posts with Thumbnails