wordpress counter

Cockta NEVERGREEN аудиција

Кокта секогаш пријатно изненадува со својот маркетинг. Тоа го направи и овој пат со аудициите за серијата „NEVERGREEN“. Аудициите се одржуваа во Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора и Македонија. На аудициите се бараа 6 амбициозни актери кои ќе ѝ се придружат на екипата за новата интернет серија со вампири на Кокта.

Главните ликови на Наполеон и на Азра биле пополнети од претходно. На располагање беа улогите на Алиса, Гринго, Алонсо, Кафка, Мерлинка и Ројал. Секој од ликовите имаше опис на карактеристиките и секако текст кој секој кандидат требаше да го изрецитира. Вашата задача беше да одберете лик, да снимите видео и да го испратите кај надлежните во Кокта.

Жирито беше составено од режисерот на „Српски филм“, Александар Радивојевиќ, Ела Дворник и актерот Сергеј Трифуновиќ. Вчера беше главниот настан, во кој се одбраа 6 кандидати од преку 500 кои учествуваа на аудициите.

Ликот на Ројал ќе го игра Никола Недиќ, Гринго ќе биде Иван Пашалиќ, третиот вампир Кафка е нашиот Димитар Цветковски, Нена Ивановиќ е избрана за улогата на Алиса, убавата вампирка Мерлинка е Нина Пантиќ и последниот од оваа шесторка е Ненад Никшиќ како Алонсо.

Победниците ќе бидат дел од ТВ рекламите на Кокта, интернет серијата „NEVERGREEN“, добиваат хонорар од 600€ и секако – место во богатата историја на Кокта.

Гурман™ им честита на победниците и ја поздравува одличната идеја на Кокта. Со нетрпение ја очекуваме серијата. Секако, во комбинација со Кокта лајт, класик, лимон или портокал.

Related Posts with Thumbnails