wordpress counter

Комбинации кои никогаш не сте ги пробале

СОЛЕНО КАФЕ

КАФЕ И СОЛ
Солта знае да ги интензивира аромата и вкусот на кафето. Се користи и во бројни слатки десерти. Само ¼ грам сол и вашето еспресо ќе биде одлично.

ДОМАТИ И ШЕЌЕР
Наместо сол, со домати користете шеќер. Овој црвен плод има киселкаст вкус и додавањето сол само ја зајакнува неговата киселост. Затоа користете шеќер за да се зајакне неговиот вкус. На крајот на краиштата, доматот е овошје.

КОМПИРИ И МОРСКО ОРЕВЧЕ
Ако сакате да изненадите некој ваш гостин, тогаш додадете малку морско оревче во компирите. Нема никој да го препознае, но секако ќе им се допадне. Чувајте го како ваша кулинарска тајна.

ЈАБОЛКА И ВАНИЛА
Јаболката се кисели и бараат малку шеќер при нивното подготвување. Повеќето луѓе додаваат морско оревче или цимет на јаболката, но екстрактот од ванила дава многу подлабок вкус.

МЕСО И АНАСОН
Кога динстате месо, фрлете малку анасон во него. Тој ќе му даде длабока и богата арома на месото. Овој трик го употребува славниот готвач Хестон Блументал во своите ресторани.

Related Posts with Thumbnails