wordpress counter

Кралска венчавка со кралско мени (3 дел)

Во претходните два дела се запознавме со предвидувањата на познатите готвачи и поранешни главни готвачи на кралското смејество, во врска со тоа што ќе содржи кралското мени. Во денешниот, последен дел, продолжуваме со пијалаците, посебните барања на семејството и претставување на менијата на претходни две кралски свадби.

Кралската свадба ќе биде залиена со многу шампањ, кафе и неизбежниот англиски чај. Интересно е дека има само едно јадење кое е забрането да се служи. Станува збор за францускиот специјалитет „Foie Gras“. Принцот Чарлс, од 2008 година па наваму, го исфрли ова јадење од сите кралски менија. Причината е што тој не се согласува со начинот на негова подготовка.

Вечерниот прием ќе го раководи принцот Чарлс. Поголем дел од храната ќе ја сочинуваат сезонски состојки од Хајгрув, каде се наоѓа неговата фарма за органско производство. Што се однесува до десертот – тортата, како што напоменавме во вториот дел, ќе ја прави Фиона Кернс. Принцот Вилијам ја побара и неговата омилена торта со чоколадни бисквити.

Менито на кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета во 1923
• Consommè à la Windsor
• Supremes de Saumon Reine Mary (филети од лосос)
• Côtelettes d’Agneau Prince Albert (јагнешки котлети)
• Chapons à la Strathmore (пилешко месо)
• Fraises Duchesse Elizabeth (јагоди)

Менито на кралицата Елизабета и принцот Филип во 1947 година
• Filet de Sole Mountbatten (филети од риба)
• Perdreau en Casserole (еребица во касероли)
• Haricots Verts (зелен грав)
• Pommes Noisette (вид на компир салата) and Salade Royale
• Bombe Glacee Princesse Elizabeth (сладолед)
• Friandises (колачи)

Related Posts with Thumbnails