wordpress counter

Куjнските тајни на светските лидери

Минатиот месец во Париз се собра група од 27 шефови на кујните на светските лидери. Средбата била со цел да се разменат искуства, рецепти и мали тајни на гастрономската дипломатија. Во текот на собирот, на виделина излегоа кулинарските тајни на најмоќните луѓе на планетата.

На пример, Владимир Путин, претседателот на Русија, поради страв од труење, сè уште се држи до традицијата на средновеквните цареви кои имале персонал кој ја пробувал храната, пред тој да ја вкуси. Во Кремљ, „дегустаторите“ заедно со шефот на кујната и лекари го прегледуваат секое јадење.

Интересно е дека проверката на безбедноста на храната барале и многу американски претседатели меѓу кои и Џорџ Буш, за кого таа работа ја правеле два агенти на „FBI“. Американските лидери се особено сомничави кон туѓата храна, па Хилари Клинтон дури и го отпуштила од работа францускиот готвач во Белата куќа.

Германската канцеларка Меркел обожува сирење, слично како и новиот француски претседател Франсоа Оланд. Претходниот, Саркози, бил антиалкохоличар и фанатик за здрава храна. Тајно, уживал во големи колични чоколадо.

За некогашната премиерка на Британија, Маргарет Тачер, најважна била цената. После една раскошна вечера со покојниот претседател на Франција, Франсоа Митеран, го пофалила шефот на кујната, но веднаш му забележила дека тоа била прескапа вечера.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Фестивали на храна кои не се пропуштаат (1 дел)

Денес, буквално во секој агол на планетата се организираат фестивали на храна и пијалаци. Но, оваа нашата статија е посветена...

Close