wordpress counter

Марио Батали се навлече на вегетаријанска храна?!

Еден од најпознатите светски готвачи (вооедно и еден од најтешките) се врти полека кон вегетаријанската храна. Имено, неговите 14 ресторани се вклучија во таканаречената акција „Понеделник без месо“, во која секој ресторан послужува барем два вегетаријански оброци тој ден.

Освен тоа, господинот Батали објави дека веќе работи на пишување на книга за вегетаријанската кујна. Според него, новите ѕвезди на храната нема да бидат готвачите туку фармерите, откривајќи дека на вегетаријанските рецепти работи заедно со фармери.

Како прилог кон ова оди и фактот што тој го намалил внесувањето на месо во неговата диета. Замислете, сега наместо 7 пати неделно, тој консумира месо „само“ петпати во текот на неделата. Навистина малку, нема што.

Related Posts with Thumbnails