wordpress counter

Мени ала „Оскар“ 2013

Во неделата, по 85-ти пат се одржа најголемата филмска манифестација во светот, во организација на Американската филмска академија. На церемонијата присуствуваа преку 1.500 гости за кои се грижеше персонал од 1.300 луѓе.

За вечерата се погрижи готвачот Волфганг Пук и неговиот тим. Тие приготвија 1 тон компири, 6.000 порции тортелини со лешници и 90 литри коктел сос. За колачињата беа потребни 500 килограми темно чоколадо. Но, тоа не е сè. Во продолжение следува списокот на продукти кои се употребија за „Оскар“ 2013:

● 6.500 парчиња рамен леб во форма на „Оскар“
● 3.500 парчиња корнети
● 1.300 остриги
● 5 кг кавијар
● 600 парчиња јастог
● 120 кг ориз
● 100 кг црна леќа
● 300 пилиња
● 17 цели жолтоперки
● 5 кг италијански бели тартуфи
● 5 кг француски зимски црни тартуфи
● 3.500 парчиња чипс од морска трева
● 2.750 урми обвиткани со сланина
● 4.500 парчиња грисини со пармезан и тартуф
● 5.000 јајца
● 200 литри слатка павлака
● 200 литри млеко
● 500 кг темно чоколадо
● 5 кг злато кое се јаде
● 5.000 чоколадни мини „оскари“
● 100 кг јагоди
● 150 кг боровинки
● 800 кг несолен путер
● 10 кг „crème fraiche“
● 200 кг стек
● 125 кг други видови риба

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Видео: Еден ден во Индија

Навистина е тешко да се исклучи камерата во Индија. Со толку многу контрасти: убавини и нечистотија, храна и сиромаштија, среќа...

Close