- Гурман™ - http://gurman.mk -

Музиката влијае на нашата перцепција за виното

Многу често не обрнуваме внимание на музиката кога ја слушаме. Но, иако не ја забележуваме, таа игра голема улога во нашето расположение и перцепцијата на нештата.

Во списанието „British Journal of Psychology“ е објавена нова студија исполнета со вистинити и интересни резултати за сите љубители на виното.

Во студијата учестувале 250 жени и мажи кои биле поделени на 5 групи. Учесниците во секоја група добиле по чаша црвено и чаша бело вино, кои ги пиеле во тишина или во позадина им била пуштана музика од различни правци.

Интересно е дека поголемиот дел од испитаниците го опишале виното што го пиеле со карактеристиките на музиката која ја слушале. Како на пример, за време на веселите мелодии, виното го опишале како питко, лесно и освежително. Обратно, ако станува збор за по тажна или по комплексна мелодија и виното било помалку питко и потешко за пиење.

Според резултатите на оваа студија, во иднина, за вистинско уживање во винариите, покрај препораката на храната која одговара со виното кое го пијат посетителите, ќе треба да препорачаат и која музика треба да се слуша, со цел вистински да се донесе вкусот на виното.