wordpress counter

Велигденска сликарска колонија

ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА

Пред нас е најголемиот христијански празник – Велигден. Со него, во различни делови на светот, се поврзани бројни обичаи и традиции. Но една традиција е заедничка за сите кои го прославуваат овој ден – вапсувањето на јајца. Тоа е чин кој носи вистинско задоволство за сите членови на семејството, без оглед на нивната возраст, иако се подразбира дека за децата тоа е посебен настан. Постојат многу начини за бојосување на јајцата кои надополнети со креативност и умешност може создадат вистинска бајка во вашиот дом.

Постојат неколку мали тајни кои треба да се имаат во предвид при вапсувањето на јајцата. Пред да дојдете до најинтересниот дел, потребно е најпрвин да се подготват јајцата. Најважно е дека треба да бидат тврдено варени. Сигурно никој не посакува кога ќе се крши со јајца на Велигден, жолчката да му се слее по раце. Поради тоа, потребно е јајцата да се стават во сад за варење, да се налее студена вода и тоа колку што е неопходно за да ги покрие јајцата и потоа садот да се стави на шпорет на висока температура. Се остава водата да почне да врие, по што се исклучува шпоретот, се покрива садот и се оставаат јајцата да крчкаат уште 20-30 минути. Потоа, тргнете го садот од шпоретот и дополнете го со студена вода. Пред да се започне со бојосување, јајцата треба да бидат изладени и суви, со цел декорирањето да биде успешно.

Најнапред бојата треба да се раствори. Во мал сад, но кој има доволно голем отвор да помине јајце низ него, се става малку вода и се става да зоврие. Откако водата ќе зоврие, во неа се раствора бојата и се додава лажица оцет. Се остава малку да се олади. Јајцата се спуштаат во садот со помош на лажица и се оставаат во него онолку колку што е потребно за да ја добијат саканата боја. Се вадат и се оставаат на хартија за да се исушат. Ако сакате јајцата да бидат сјајни, премачкајте ги со крпа или памук натопен во масло за јадење. По ова, јајцата се подготвени да ја пополнат кошничката обложена со слама, за да се добие уникатна велигденска атмосфера.

Постојат разновидни техники на вапсување на јајцата. Ако немате доволно време на располагање тогаш купувате боја за јајца, ги вапсувате јајцата, налепувате едноставни сликички и сте ја завршиле работата. Меѓутоа, ако од ова сакате да направите несекојдневен настан, тогаш може да искористите некоја од следниве техники:

СЛИКАНИ ЈАЈЦА – за ова ви се потребни темперни боици, неколку четчиња и желба за цртање. Инспирацијата ќе го направи останатото. Прво се бојосува едната половина, па откако ќе се исуши се прави другата половина.

КАМЕНИ ЈАЈЦА – со цел јајцата да изгледаат како да се од камен или мермер, потребно е најнапред едно по едно да ги завиткате во некоја ткаенина. Потоа, така завиткано, јајцето го спуштате во садот со боја. По некое време го вадите јајцето, ја отстранувате ткаенината и ќе забележите дека секое јајце е со различна шара.

СТИКЕР ЈАЈЦА – ги налепувате со стикери (самолеплива хартија) и ги потопувате во боја. Откако ќе ги извадите, дел или сите стикери се вадат. При оваа техника важно е и јајцата и бојата да бидат ладни, бидејќи во спротивно ќе биде тешко да се извади стикерот.

ЈАЈЦА СО ОТПЕЧАТОК ОД СУНЃЕР – исечете сунѓерче на помали парценца (1,5 – 2 см), потопете го во боја, благо исцедете го вишокот боја од него и направете отпечатоци на јајцето.

ЈАЈЦА СО ГУМЕНА ЛЕНТА – за ова ќе ви биде потребна гумена лентичка или ластичиња. Се намотуваат околу јајцето и тоа се става во бојата. Таа некаде ќе успее да влезе под ластичето а некаде не. Тоа ќе му даде прекрасни и живописни шари на јацето, особено ако правите комбинација од бои.

ПРИРОДНО ОБОЕНИ ЈАЈЦА – на секое од сè уште несварените јајца се ставаат ливчиња од магдонос, целер, шафран или друга мирудија. Така подготвени јајцата се замотуваат во најлон чорап и се врзуваат цврсто на врвот. Потоа се варат во вода со кромид или кафе (кафена боја), спанаќ (зелена), цвекло или брусница (црвена), виолетов кромид (виолетова), шафран (жолта).

ЈАЈЦА ВАПСАНИ СО ВОСОК – капнете восок од долга свеќа врз јајцето и потоа ставете го во садот со боја. Исушете и извадете го восокот и премачкајте ги со памук потопен во масло за јадење.

Ова се дел од техниките кои можете да ги употребите за да го донесете духот на Велигден во вашиот дом.

Која е вашата техника со која ги фасцинирате сите?
Испратете ни фотографија од вашето ремек-дело и она јајце кое најмногу ќе ни се допадне ќе го објавиме на порталот, а креативецот ќе го наградиме со две влезници за претставата „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА“ на 22 април (среда).

Фотографиите испратете ги најдоцна до 21 април (вторник), 15:00 часот.
Победникот ќе биде објавен на 22 април (среда), 10:00 часот.

Име и презиме (задолжително)

Град (задолжително)

Email (задолжително)

Име на рецептот (задолжително)

Рецепт (задолжително)

Фотографија

Related Posts with Thumbnails