wordpress counter

НАХРАНЕТЕ СЕ… ДОДЕКА ИМАТЕ СЕКС

sex

Помислете која е вашата омилена комбинација. Онаа што ќе ви дозволи да заминете од вашето секојдневие. Едноставно, која ќе ви дозволи да оживеете дел од вашата фантазија. Опуштете се. Затворете ги очите… Помислете на вашето омилено јадење… Замислете како го јадете од голото, мазно тело на вашиот партнер… И лижнете, грицнете… Вкусете го и почувствувајте го задоволството. Почувствувајте колку е сочно. Не ве остава рамнодушни. Не ве остава да престанете.

Храната и сексот се врела и поттикнувачка комбинација, која не може а да не ни го привлече вниманието. Тие заедно повикуваат на експериментирање и разноликост. На несекојдневност. На страст и посакување. На возбуда. Повикуваат на единствени моменти од кои пополека ни запира здивот.

Додека внесуваме храна во нашиот организам, ги будиме сите наши сетила. Кога сите тие функционираат заедно, тогаш реално го откриваме кралството на храната во кое можеме само ние да уживаме. Можеме да ја видиме храната како светка и зрачи. Како се прелeва бојата на нејзината површина. Можеме да помирисаме… хмм… да ја помирисаме убавината низ нашите ноздри. Да ја допреме и откриеме нејзината форма. Да вкусиме од нејзината внатрешност. Да ја почувствуваме нејзината врелост… и да се наежиме. Да почувствуваме како нашето тело трепери и се ежи од вкусот на храната.

Вака подготвената храна треба само да ја земеме во нашите раце. Внимателно и нежно да ја пренесеме на телото на нашиот партнер. Кое, немојте да заборавите, препорачливо е да биде голо и немоќно. И, истражуваме. Оставете нека работат сетилата. Знаат тие каде и како треба да се движат. Знаат како да го пронајдат своето место. Својот сроден пријател. Оставете нека копнее вашата фантазија за повеќе. И уште повеќе. Не дозволувајте да престане. Експериментирајте и уживајте.

Бидете гурмани, уживајте во храната. Уживајте во сексот. Сè нека трае подолго од вообичаеното. Времето нека запре и сè нека се движи пополека. Задоволете ја вашата жед за секс. И секогаш барајте ја вашата идеална комбинација. Ова е мојата. Храна и секс. Комбинација со која знам дека чекорам по патот што ме прави секси и здрава.

Тајните нишки што ги врзуваат сексот и храната се скриени во милионите години на нашата егзистенција, и една по една, ќе ви ги откривам јас. Ќе ги пренесам во зборови волшебните доживувања сплетени од вкусови и воздишки, а вие ќе се впуштите во нивна апликација. Во секое ново четиво, нова мистична конекција меѓу сексот и храната. [ВАЛЕНТИНА ЛАЗАРОВА]

Related Posts with Thumbnails